Дома Здравје РЕВОЛУЦИЈА НА ВРАТА / За прв пат во историјата

РЕВОЛУЦИЈА НА ВРАТА / За прв пат во историјата

316
0

Пресадено срце на маж! „Или беше да умрам или ова, а јас сакам да живеам“

Ако оваа трансплантација се покаже успешна, научниците се надеваат дека свинските органи успешно ќе го компензираат недостатокот на човечки органи од донатор.

На Американец, кој бил во терминална фаза на срцева болест, му била трансплантирана генетски модифицирано свинско срце во првата операција од ваков вид и три дена по операцијата пациентот добро закрепнува, објавија неговите лекари.

Операцијата, изведена од тим од Медицинскиот универзитет во Мериленд, е меѓу првите такви операции чија цел е да се демонстрира изводливоста за трансплантација на свинско срце во човечкото тело, област овозможена со новите алатки за „уредување“ на гени.

Последна шанса за 57-годишниот

Доколку оваа трансплантација се покаже успешна, научниците се надеваат дека органите на свињата успешно ќе го надополнат недостатокот на органи од човечки донатори.

„Ова беше револуционерна операција која не донесе чекор поблиску до решавање на кризата со недостиг на човечки органи. Едноставно нема доволно човечки срца во донаторски резерви за да се пополни долгата листа на потенцијални пациенти на кои им се потребни“, рече д-р Бартли Грифит кој ја спроведе операцијата.

„Постапуваме претпазливо, но оптимисти сме дека оваа прва операција во светот од ваков вид ќе обезбеди важна нова опција за пациентите во иднина“, додаде Грифит. За 57-годишниот Дејвид Бенет од Мериленд оваа трансплантација била неговата последна шанса.

„Слеп истрел“

„Беше или да умрам или да одам на оваа трансплантација. Сакам да живеам. Знам дека ова е „слеп истрел“, но ова е мојата последна шанса“, рече Бенет ден пред операцијата, според соопштението објавено од Универзитетот.

За да може да ја спроведе оваа експериментална операција, универзитетот претходно доби зелено светло од Американската агенција за храна и лекови (ФДА).


„ФДА ги искористи нашите податоци и податоците на експериментална свиња за да одобри трансплантација во последната фаза на срцева болест на пациент кој немал друга опција за третман“, рече д-р Мухамед Мохиудин , кој ја води универзитетската програма за ксенотрансплантација.

Google search engine
Претходна објаваПесимизам – фактор на ризик за смрт поради коронарна срцева болест
Следна објаваЗошто кората од банана е добра за пределот под очите

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име