Проверете дали имате висок холестерол: Ставете ги рацете под вода и направете го ова
Високиот холестерол е опасност по здравјето. Доколку е над дозволените граници се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања кои доколку не се лекуваат навреме може да предизвикаат сериозни заболувања со смртен исход.
Кога оваа состојба ќе се „занемари“ и не се лекува навреме, може да доведе до развој на атеросклероза, опасна болест која е придружена со формирање на наслаги на холестерол во ѕидовите на крвните садови. Експертите од клиниката Мајо истакнуваат дека оваа состојба предизвикува стеснување на артериите и доведува до слаб проток на крв во телото. Во зависност од тоа кои артерии се зафатени, ќе се појават различни симптоми.
„Кога атеросклерозата ги стеснува артериите на рацете или нозете, може да дојде до проблеми со циркулацијата во екстремитетите и заболување на периферните артерии“, објаснуваат лекарите.
Како резултат на тоа, рацете стануваат помалку чувствителни на топлина или студ, зголемувајќи го ризикот од изгореници и смрзнатини. Тоа значи дека кога човек со висок холестерол, на пример, ги мие рацете, постои можност да се изгори со топла вода бидејќи неговото тело не ја открива вистинската температура на која е изложена кожата.
Покрај тоа, вкочанетоста на екстремитетите и намалувањето на температурата на површината на кожата често се симптом. Проблемот со високиот холестерол е што често останува незабележан додека не се појават сериозни последици.