Зимските месеци се периоди од годината кога најголем број луѓе се чувствуваат осамено, сметаат експертите. Тоа не е само проблем на менталното, туку и на физичкото здравје.
Како што објаснуваат експертите, тоа воопшто не е изненадувачки бидејќи за време на глобалната пандемија бевме буквално исклучени од општеството и затворени меѓу четири ѕида.
Не само што осаменоста е проблем со менталното здравје, според новата студија објавена во списанието Aging, истражувачите од Универзитетот Стенфорд и Универзитетот во Хонг Конг открија дека таа може да влијае и врз нас физички. Всушност, поради тоа старееме побрзо, пренесува Index.
„Откривме дека психолошките фактори како што е чувството на осаменост додаваат до 1,65 години на биолошката возраст, што има ист ефект врз нашето здравје како пушењето 15 цигари на ден“, објаснуваат тие во истражувањето.
Ова го забележала и д-р Мег Арол, психолог.
„Дефинитивно забележав зголемување на осаменоста, чувството на изолација и лошото расположение во мојата пракса во последните неколку години. Сега сме во вториот бран на потешкотии во менталното здравје по пандемијата. Луѓето често имаат таканаречена емоционална вкочанетост, што е симптом на депресија“, објаснува Арол.
Таа додаде дека напредокот на технологијата и постоењето на социјалните мрежи е нешто што е добро, но има и свои недостатоци.
„Живееме во виртуелен глобален свет и од многу студии знаеме колку е важна физичката интеракција и за физичкото и за менталното здравје“, вели таа.