Дома Здравје Пробајте ја диетата со тиква

Пробајте ја диетата со тиква

282
0

Тиквата, кралицата на есента, може да се подготви на безброј начини, а воедно е нискокалорична, има само 30 калории во 100 грама и е добар избор за сите оние кои сакаат да ослабат.

Во народната медицина тиквата се препорачува како диуретик, за исфрлање на вишокот вода од организмот, особено кај луѓе кои боледуваат од ревматизам, гихт, воспаление на бубрезите или мочниот меур. Благодарение на растителните влакна помага и при запек бидејќи ги движи мрзливите црева.

Тиквата содржи околу 85 проценти вода, како и голем број вредни состојки, витамини А, Ц, Б1, Б2, Б3 и Б6, фолна киселина, пектин и минерали калиум, фосфор, калциум и железо. Својата портокалова боја ја должи на антиоксидантот бета-каротен, кој во телото се претвора во витамин А.

Освен што е добра за слабеење, тиквата може да ја јадат и луѓето со дијабетес, а истражувањата покажаа дека исхраната богата со хранливите влакна од овој зеленчук го намалува апетитот.

Семките од тиква се исто така многу здрави и богати со протеини, а содржат и омега-3 масни киселини, за кои е познато дека го штитат срцето. Сепак, не претерувајте со овие семки бидејќи се многу калорични – 100 грама содржат дури 554 калории.

Претходна објаваМед и млеко – одличен пар, Зошто???
Следна објаваПриродни лекови за воспаление на синусите

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име