Дома Здравје Природни лекови за несоница

Природни лекови за несоница

706
0


Ако барате начини да се справите со несоницата и не сакате да пиете апчиња за спиење, пробајте ги следниве природни лекови.

  1. Морско оревче

Тоа е зачин кој може да ви помогне да се опуштите доколку сте под стрес. Ако имате проблеми со спиењето, пијте чај од морско оревче пред спиење. Само внимавајте да не претерате, бидејќи премногу морско оревче може да предизвика халуцинации.

  1. Камилица

Чајот од камилица одамна е добро познат лек во борбата против несоницата. Сепак, за да може навистина да ви помогне, треба да биде малку поконцентриран.

  1. Лаванда

Маслото од лаванда се користи во ароматерапијата како третман против несоница. Тоа делува релаксирачки и исто така е ефикасен во борбата против мигрена.

  1. Хмељ

Хмељот е многу добар природен седатив, затоа се користи за смирување на нервите и како природен лек за несоница. Ова растение ја ублажува нервозата, немирот и стресот, го стимулира спиењето и ги зајакнува нервите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име