Природна напивка за желудочни киселини: Поефикасна од лекови без рецепт, веднаш ги ублажува стомачните тегоби
Киселини често се јавуваат после оброк во кој преовладува мрсна, пржена или кисела храна, а се манифестираат со болки во стомакот и градите.
Еве неколку природни начини како да се ослободите од киселини.
Сода
Ова е еден од најефикасните лекови против киселини. Истурете една лажичка сода бикарбона во чаша вода, промешајте и испијте. Можете да додадете и неколку капки лимон.
Анасон
Џвакајте семе од анасон неколку пати на ден. Така ќе го освежите здивот и ќе го држите под контрола лачењето на стомачната киселина.
Можете да пиете и чај од анасон. Се подготвува така што во шолја зовриена вода се додаваат две лажички семки, па се остава да отстои 10 минути, се процедува и се пие.
Нане
Нането е ефикасно за отстранување на киселини бидејќи го помага варењето и ги ублажува стомачните тегоби. Додадете една лажичка мелени листови нане во чаша врела вода. Оставете го да отстои 30 минути и пијте го чајот неколку пати на ден.
Ѓумбир
Свежиот ѓумбир има двојна должност при киселини- ја апсорбира вишокот на стомачна киселина и помага да се смират нервите кои придонесуваат за киселини.
Можете да додадете ѓумбир во јадењата како зачин, да пиете чај од ѓумбир или да го јадете свеж. Чајот од ѓумбир се прави со додавање на лажичка свеж ѓумбир во чаша врела вода. Почекајте неколку минути, а потоа испијте ја лековитата напивка.
Оцет
Оцетот, особено јаболковиот оцет, може да спречи зголемување на желудочната киселина. Доволно е да се пие вода во која е разредена лажичка јаболков оцет пред оброк