Дома Health Природен чај од брусница е чудо за желудникот… Ева како да го...

Природен чај од брусница е чудо за желудникот… Ева како да го приготвите…

606
0

Природен чај од брусница е чудо за желудникот… Ева како да го приготвите…

Ги смирува воспаленијата, болките и надуеноста.
Се почесто се обраќаме кон некои народни лекови за одредени здравствени проблеми. Болката во стомакот може да биде и последица на прекумерно внесување храна или некој друг здравствен проблем. Симптомите на болка во стомакот се многу заморни и предизвикуваат чувство на непријатност.

Еден здрав рецепт сподели Јутјуб каналот „Јечина сваштарица“. Се покажа како одличен за воспалени мукозни мембрани и постојана Helicobacter pylori, која е главната причина за чир. Ги спречува болките во желудникот, силната стомачна киселина и надуеноста, а веќе по неколку дена ќе ги ублажи симптомите на гастритис.

Желудочни киселини, совети за самопомош

Како треба да го подготвите чајот:

Две лажици сушени брусница

Една лажица квалитетен мед

250 милилитри вода

Домашниот чај е направен од овие состојки , за кои велат дека е моќен природен лек за бактериите во желудникот. Најефикасен е кај перзистентниот Helicobacter pylori, кој често се враќа, а тоа е бактерија која обично живее во желудникот. Патем, чајот е добар за работата на цревата и го стимулира варењето. Во тенџере истурете две лажици брусница и прелијте го со 250 милилитри ладна вода. Ставете го на шпорет и почекајте водата да зоврие. Кога ќе почне да врие, варете ги брусницата три до пет минути.

Мешајте повремено. Кога ќе поминат околу 5 минути, тргнете го од оган, поклопете и оставете да отстои уште пет минути. После тоа, процедете го чајот. Оставете го чајот да се излади околу 15 минути.Потоа додадете полна лажица мед или две мали лажици и промешајте и пијте додека е уште топол бидејќи тогаш е најефикасно. Се пие седум последователни дена, наутро и навечер. Кога пиете чај, јадете и брусница, препорачува „Јечина сваштарица“.

Претходна објаваДневен хороскоп за 3 февруари: Лавови, мали несогласувања со партнерот, Јарци, здравјето променливо
Следна објаваНутриционистите откриваат: Колку пецива можете да јадете секој ден и кој вид најмногу дебелее?

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име