Дома Светски дестинации Прекрасна португалска кралска читална во Бразил (фото)

Прекрасна португалска кралска читална во Бразил (фото)

596
0

Создадена од 1880 до 1887 година во Рио де Жанеиро, оваа прекрасна библиотека ја содржи најголемата збирка португалски дела надвор од Португалија, со повеќе од 350.000 книги, вклучувајќи ретки оригинални и уникатни ракописи, како и големи португалски литературни дела.

Вратите на оваа огромна библиотека биле отворени во 1887 година, а проектот имал за цел да им овозможи на португалските имигранти да ја задржат традицијата на својата земја, иако Бразил веќе добил независност (тој претходно бил португалска колонија). Изграден е во готско-ренесансен стил кој бил многу популарен во тоа време.

Денес, секоја година во збирката на библиотеката се додаваат околу 6.000 нови наслови, а збирката достигна 400.000 книги. Освен книги и ракописи, во библиотеката може да се најдат слики, како и други уметнички дела кои ја раскажуваат приказната за португалската историја.

Од бројни полици за книги и убаво украсени врати до спирални столбови и украсни сводови, секој сантиметар од оваа библиотека е уникатно визуелно уживање. Gabinete Português de Leitura ( португалска кралска читална) е идеална за сите оние кои сакаат да најдат мирно место за студирање, за оние кои сакаат да го прошират своето знаење или сакаат да се вратат во 19 век преку спектакуларна архитектура.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име