Предјадење за Велигденската трпеза: Јајца полнети со вкусен фил
Покрај тоа што е украсно, ова јадење е навистина вкусно
Многу домаќинки полека ги засукаа ракавите и почнуваат со големи подготовки за Велигден. Боење јајца за Велигден е еден од најстарите христијански обичаи, но многу домаќинки ги кршат лушпите за време на готвењето .
За да ги искористите јајцата кои не можете да ги обоите, ви подготвивме рецепт кој веруваме дека ќе ви се допадне.
Полнети јајца кои можете да ги украсите во духот на Велигден се идеални за семејната празнична трпеза.
Состојки:
10 варени јајца
5 лажици мајонез
2 лажички сенф
200 гр крем сирење
сол
бибер
пипер
моркови за декорација
копар за декорација
Подготовка:
Варените јајца исечете ги на половина, извадете ги жолчките и ставете ги во поголем сад.
Измешајте жолчки, мајонез, крем сирење, сенф и зачини.
Наполнете ја внатрешноста на јајцето со фил.
Морковите исечкајте ги да изгледаат како мали моркови, па наредете ги врз филот.
Врз морковот ставете копар и направете линии со крем.
Оставете ги јајцата во фрижидер најмалку еден час и потоа послужете ги.