Првиот десерт на светот: Ви требаат само две состојки и има фантастичен вкус (РЕЦЕПТ)
Ништо поедноставно, туку слатко…
Најстариот десерт на светот се споменува во древните записи, а се верува дека воините го јаделе пред да тргнат во битка за да имаат доволно сила.
Создаден е пред приближно 6.000 години и се нарекува пастели или интрион. Станува збор за топчиња со само две состојки, и двете се толку здрави и лековити што треба да ги јадете што почесто.
Еве како да го направите најстариот десерт на светот.
Состојки:
300 гр чиста мелена паста од сусам (таан)
300 гр мед
Подготовка: Овие две смеси убаво измешајте ги и со раце формирајте топчиња . Ставете ги во фрижидер да се стегнат – и толку.
Совет: Можете сами да направите таан. Потребно ви е излупено, суров сусам, малку масло од сусам (2 лажички масло прави половина до една чаша семки). Пред блендирање , малку пропржете ги семките додека не добијат златна боја. Се става во блендер, се додава масло и се матат додека не се добие мазна, густа смеса.