Дома Позитив на денот Православните верници слават Собор на Свети Архангел Михаил

Православните верници слават Собор на Свети Архангел Михаил

129
0

Меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

Денешниот празник православните христијани го одбележуваат во слава на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на Свети Архангел Михаил, затоа што Архангел Михаил бил водач на целата ангелска војска и водач на сите небесни сили.

Именден денес празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаела, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Многу семејства денешниот ден го имаат за домашен празник и го празнуваат како своја слава.

За многу години!

Претходна објаваЗошто ни се спие кога врне? И дали е можно да се победи поспаноста во дождлив ден?
Следна објаваЛезии на кожата

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име