Дома Позитив на денот Православните верници денеска го одбележуваат празникот посветен на Св. Константин и Елена

Православните верници денеска го одбележуваат празникот посветен на Св. Константин и Елена

603
0

Православните верници денеска го одбележуваат празникот посветен на Св. Константин и Елена. Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите.

Константин се смета за првиот христијански римски император. Преданието раскажува дека неговата мајка царица Елена, била на аџилак во местата каде што живеел Исус, изградила неколку манастири и го открила крстот на кој бил распнат. Царот константин спаѓа меѓу назначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијаните, тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал верата.

Именден празнуваат: Костадин, Костадинка, Кочо, Елена, Ленка…

Честита слава, честито и вековито име на сите кои денес слават!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име