Потребни ви се две состојки за НАЈКРЕМАСТИОТ ДЕСЕРТ: Неодоливиот чоколаден мус е секогаш добра идеја!
Подгответе неодоливо уживање за 15 минути.
Кој сè уште не го сака вкусот на чоколадото? За сите оние кои го обожаваат пак, ова е фантастичен рецепт за кој се потребни само две состојки и малку време. Ќе уживате во кремастиот вкус, како и најмладите членови на семејството.
Состојки :
- 200 грама темно чоколадо
- 400 мл слатка павлака за шлаг
Подготовка:
- Чоколадото се крши, па се топи на пареа со 100 мл крем. Кога чоколадото ќе се растопи, оставете ја смесата да се олади околу 10 минути.
- Остатокот од кремот се мати во друг сад додека не се добие поцврста структура. Изладеното чоколадо додавајте го постепено со непрекинато мешање.
- Се остава во фрижидер околу два часа, па се украсува по желба и се сервира.