Пире од компири е одличен додаток на многу јадења и често се наоѓаат на трпезите ширум светот. Но, излегува дека постои лесен начин да се направи уште подобро.
Мајка на две деца од САД тврди дека можете да користите необична состојка за да го подобрите пирето, а овој таен трик ќе го направи јадењето покремако, како што пренесува The Sun.
Едноставниот рецепт, споделен од Марица Мартинез, оттогаш стана вирален на TikTok. Подготовката на пире ја започнувате на вообичаен начин, се ставаат компирите да се варат и се оставаат целосно да омекнат. Кога компирите се готови, изгмечете ги и додадете поголема количина путер, сол и бибер по вкус, како и малку млеко.
И тогаш е време да ја додадеме главната ѕвезда – мајонезот. Сè се сведува на лични преференци, но Марица користи само една и пол лажица за пире од компири. Но, и покрај тоа што не можеше да се сети каде го научила, се чини дека едноставниот трик стана главен во нејзиното домаќинство.
Додека некои тврдеа дека тоа го прават со години, други побрзаа да ги споделат своите трикови за најдоброто пире од компири во коментарите.
Имаше многу алтернативи за мајонез, како замена на крем сирење и павлака. Во меѓувреме, еден тврдеше дека јајцето прави голема разлика, особено кога е во комбинација со сол и бибер.