Посна пита со зелка! Има фантастичен вкус, секоја домаќинка треба да знае како да го подготви ова
Направете посна пита со додаток на зелка и ќе имате вкусен појадок за целото семејство.
Неопходно е:
1 главица кисела зелка
2 китки млад кромид или праз
готови кори (15 кори) може и сукани кори
4 лажици варен ориз
црн бибер
масло
Подготовка:
На масло пропржете сечкан кромид додека да омекне, додадете сечкана кисела зелка, исечкана што помала, па пропржете ја. Кон крајот додадете 4 полни лажици ориз.
Измешајте сè, па додадете мл. бибер. На масата намачкајте една подготвена тенка кора, премачкајте со масло, па додадете уште една кора и ставете 2-3 лажици зелка и премачкајте ја преку целата кора. Се тркалаат во ролат и се виткаат во полжав.
Наредете во плех, премачкајте со масло и печете на 200 степени околу 40 минути.