Дома Позитив на денот После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот…

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот…

483
0

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител.

За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него се законот и пророците. Според преданието, Јован го крстил Исус.

Првичното место на служба му била јорданската пустина, а потоа јорданскиот брег. Она што тој постојано го нагласувал е дека неговото крштение со вода е само подготовка за пречекот на Месијата и дека Месијата кој доаѓа е поголем од него.

Моштите на Св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, меѓу нив и Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител во Македонија. Токму на тоа свето место се наоѓа и чудотворната икона на Свети Јован Крстител.

Дел од Македонците овој ден го празнуваат како семејна слава, а именден слават Јован, Јована, Ване, Иван…

Честит празник, среќна слава и именден на оние што го носат ова свето име, за многу години.

Претходна објава4 активности за кои едноставно мислите дека немате време
Следна објаваПрекрасна португалска кралска читална во Бразил (фото)

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име