Полнет кромид: Турски специјалитет кој ќе ги освои вашите сетила за миг (РЕЦЕПТ)
Лесна подготовка и вкусен оброк
Сите сме слушнале за полнети пиперки и сарма, но ретко кој слушнал за полнет кромид со мелено месо.
Тоа е необичен специјалитет кој го освојува сетилото за вкус во миг.
Еве како да го подготвите.
Состојки:
5-6 големи главици кромид
400 гр мелено месо
150 гр ориз
масло за пржење
по потреба сол, бибер и зачини
некои билки (кари, босилек и копар)

Прелив:
малку масло
2 лажици брашно
2 dl сок од домати
1 лажичка мелен црвен пипер
малку павлака
сол, бибер и зачини по вкус
Подготовка:
Главите на кромидот исчистете ги и ставете ги во вода да се варат. 15 минути се доволни. Сварените глави процедете ги и по можност полека и внимателно тргнете ги лист по лист (прстени) за да останат цели. Исечкајте ги внатрешните мали делови од кромидот и пропржете ги на масло, додадете го месото и сите останати зачини.
Кога месото ќе се испржи додадете го оризот. Истурете вода и сè заедно сварете уште малку. Кога ќе истурите вода, месото треба да остане доволно густо за да ги наполни главите кромид. Наредете го полнетиот кромид во тавата во која ќе ги печете (можете да ги сварите и во тенџере). На малку масло пропржете брашно, додадете мелен пипер и домати. Додадете вода колку што сакате за да го направите сосот густ.
Зачинете со сол, бибер и бибер. Кога сосот ќе зоврие додадете ја павлаката и тргнете ја од оган. Прелијте со полнетиот кромид. Се пече во рерна околу половина час на 200 степени.