Дома Твој Готвач Полнети Компири – Рецепт

Полнети Компири – Рецепт

251
0

Овие печени компири со сос од сенф се крцкави однадвор – и совршено меки и нежни однатре.

Се што ви треба се компири, маслиново масло, морска сол, бибер и додатоци. .

Состојки :

3 x средно печени компири
100 гр тиквички
100 гр печурки
100 гр сирење
3 супени лажици растителен путер
Додадете сол и бибер

Сос од мед и сенф

Постапка :
Вклучете ја рерната на 200С топол воздух.⁠
Исечете го компирот на половина и направете исечок на средината на половината од компирот. Покријте со маслиново масло, сол и бибер. Ставете го на плех и печете во рерна 45 минути.⁠
Тиквичките измијте ги и исечкајте ги. Измијте ги и исечкајте ги печурките на мали парчиња.
Извадете ги компирите од рерната. Намачкајте ги сите компири со путерот, одозгора додајте ги тиквичките со печурки и сирењето. Додадете сол и бибер. Вратете го плехот во рерна и печете уште 10 минути или додека не стане златно и крцкаво.
Печените компири послужете ги директно од рерната. Додадете добар, топол сос од мед и сенф одозгора или изберете го вашиот омилен сос/прелив.

Претходна објаваВо овие делово од телото се таложат најмногу масни наслаги
Следна објаваМаска за лице направена од куркума и мед ќе ја освежи и врати сјајот на кожата

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име