Полна со витамини и минерали: Дали би пробале маска за лице од кисела зелка?
Резултатите се феноменални
Маската од листови од кисела зелка го храни вашето лице со важни хранливи материи, па станува поеластично, помеко и помазно.
Како да се направи оваа маска?
Извадете еден лист кисела зелка и малку измијте го. Добро би било да го скршите на местата каде што се корените и вените, за минералите полесно да дојдат до вашата кожа, а во овие делови ги има најмногу.
Маската за лице ставете ја на сува, претходно измиена кожа и чувајте ја така 10-15 минути. Најлесно ќе ви биде ако лежите.
По некое време ќе забележите дека е многу ви е топло лицето. Ова е знак дека порите на кожата се прошириле и протокот на крв е зголемен.
Сето тоа е одличен знак, бидејќи на овој начин кожата максимално се храни со хранливи материи од оваа зимска храна.
Измијте го лицето со млака вода и малку исушете го.