Дома Твој Готвач Полжави со ајвар и сирење (РЕЦЕПТ)

Полжави со ајвар и сирење (РЕЦЕПТ)

148
0

Сакате брза закуска? Тогаш можеби ќе ви се допаднат овие ронливи полжави со ајвар и сирење подготвени за кратко време.

Состојки за полжави со ајвар и сирење:

500 гр свежо лиснато тесто
200 гр гауда (или друго сирење по желба)
1 јајце и 1 лажица млеко за премачкување
ајвар (благ или лут, во зависност од вашиот вкус)

Подготовка на полжави со ајвар и сирење:

Купеното свежо лиснато тесто само треба да го извадите од пакувањето. Потоа избоцкајте го со вилушка или чепкалка за заби. Намачкајте го со ајвар, па врз него наредете ги кришките кашкавал или сирење и на крајот внимателно формирајте ролат од тестото.

Потоа, со остар нож претходно натопен во брашно, тестото се сече на парчиња со дебелина од 2-3 сантиметри. Ставете го во тавче премачкано со путер или масло, внимавајќи да оставите малку простор меѓу нив, бидејќи тестото ќе се издува за време на печењето.

Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Јајцето и една лажица млеко се матат убаво, па секое парче премачкајте го со него. Ставете го плехот во загреана рерна и печете помеѓу 10 и 15 минути, во зависност од моќноста на вашата рерна, додека полжавите не добијат златно жолта боја.

Совет:
Наместо свежо лиснато тесто, можете да користите и замрзнато. Во овој случај, извадете го од замрзнувачот пред да го подготвите и одмрзнете го според упатствата на производителот испечатени на пакувањето. Откако ќе се одмрзне, расукајте го со дебелина од околу половина сантиметар и потоа наполнете по рецептот.

Претходна објаваГлавниот симптом на опасно висок холестерол
Следна објаваТреба да знаете: Пет незгодни вистини за долготрајните врски

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име