Дома Твој готвач Подгответе печени компири со кашкавал…

Подгответе печени компири со кашкавал…

1296
0

Полнети печени компири се секогаш добра идеја!
Пробајте вкусни компири полнети со путер, млад кромид, кашкавал и павлака. Можете да ги јадете како вечера, со салата или како гарнир со јадења со месо. Можете исто така да додадете крцкава сланина, печурки, различни видови сирење и зеленчук.
Состојки за четири порции:
8 поголеми компири,
30 до 60 гр путер,
80 мл павлака,
1 млад кромид, ситно сецкан,
свежо рендано морско оревче,
50 гр рендан чедар или кашкавал по ваш избор,
сол и свежо мелен црн пипер,
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Ставете го компирот директно на решетката во средината на рерната и печете 30 минути. Избоцкајте го секој компир неколку пати со вилушка и продолжете да го печете додека не омекне, околу уште 30 минути.
Извадете го компирот од рерна и намалете ја температурата на 190 ° С.
Држете ги компирите со крпа, исечете ги на половина, за да направите форма на брод. Внимателно издлабете поголем дел од компирот во сад. Внимавајте да не го издлабете премногу, за да може да го задржи обликот што подоцна ќе можете да го наполните со филот.
Компирот што го извадивте изгмечете ги со вилушка и измешајте го со 30 до 45 гр путер и павлака. Додадете го младиот кромид, морско оревче и зачините сол и бибер, по вкус.
Наполнете ги издлабените компири со филот и посипете ги со кашкавал одозгора. Премачкајте ги со преостанатиот путер и зачинете ги со сол и црн пипер.
Ставете ги полнетите компири на хартија за печење и печете околу 20 минути.

Послужете веднаш.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име