Дома Нега и убавина Подарок од природата-Прополис, овој пат во служба на убавината

Подарок од природата-Прополис, овој пат во служба на убавината

216
0


Ефективен природен производ за убавина на лицето: ја стимулира циркулацијата на крвта и епителизацијата и ги отстранува мозолчињата

Прополисот е смолеста смеса што пчелите ја собираат од пупките на дрвјата, растителниот сок или други растителни извори и ја користат како средство за запечатување на несаканите отвори во кошницата.

Со превентивна употреба, прополисот го чува здравјето, ги ублажува проблемите при грип, разни форми на вируси, воспалителни процеси на грлото и усната шуплина. Се користи и превентивно, а при акутни состојби на засипнатост, периодонтитис, афти и лош здив.

Од различните пчелни производи, прополисот треба да има посебно место во домашната аптека бидејќи има антиинфламаторно дејство, ја поттикнува циркулацијата на крвта и епителизација на помали изгореници, површни рани, гребаници и херпес, а помага и во лекување на егзема, мозолчиња, лишаи…


Доволно е да се нанесува во тенок слој два пати на ден на заболеното место. Прополисот, всушност, има восок, смола и мелем, заедно со полен, танини и есенцијални масла. Поради овој состав има антиинфламаторно и антимикробно дејство, ја стимулира регенерацијата на ткивата и ја зголемува одбраната на телото.

Во областа на стоматологијата се препорачува за одржување на оралната хигиена бидејќи е одлична бариера за појава на кариес.

Во козметиката се додава во разни креми кои може да се најдат во билните аптеки. Прополисот може да го користат сите, освен луѓето алергични на пчелни производи.

Прополисот во форма на таблети и тинктури може да се најде во сите аптеки, како и во продавниците за здрава храна.

Претходна објаваСветски експерти за короната. Збогум на чумата: Почеток на крајот на пандемијата?!
Следна објаваШницли во сос од сенф и лук (рецепт)

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име