Дома Life Погледнете ја добро вашата МАЈКА и ќе знаете каква иднина ве очекува

Погледнете ја добро вашата МАЈКА и ќе знаете каква иднина ве очекува

275
0

Погледнете ја добро вашата МАЈКА и ќе знаете каква иднина ве очекува

Во некои случаи, истакнуваат научниците, погледот на мајка ти може да биде поглед на вашата иднина.


– Здравјето на вашата мајка често може да биде кристална топка за она што самите можеме да го очекуваме – вели Памела Пик, професорка по медицина на Универзитетот во Мериленд и автор на книгата „Тело за живот за жени“.

Но, не влијаат само гените, бидејќи голема улога играат и нашите секојдневни навики.

Овие генетски фактори влијаат на нас:

Обликот на телото
Дали имате сало на стомакот што страшно ве нервира и изгледа не можете да се ослободите од него? Можеш да ја обвиниш мајка ти за тоа. Истражувањата покажаа дека многу често овој тип на тело е наследен од мајките. Освен што не изгледа убаво, носи ризици од срцеви заболувања и дијабетес.

8 болести кои ги наследуваме од мајката

Предиспозиции за спорт
Кардиореспираторната издржливост и општата кондиција што ја имаме е силно генетска. Затоа, големи се шансите дека сте наследиле сила, издржливост и флексибилност – или недостаток од нив – од вашата мајка.

Состојба на кожата
Ако сè уште ве прогонуваат акните во 30-тите, може да ја обвините мајка ви.

– Луѓето кои имаат проблеми со акните обично имаат мрсна кожа, која е наследна – објаснува професорката по дерматологија Дебра Јалиман од њујоршкиот „Icahn School of Medicine“.

Утешно е што луѓето со мрсна кожа изгледаат помлади, бидејќи мрсната кожа побавно ги развива брчките. Луѓето со посветла коса и сини очи, покажаа некои студии, побрзо добиваат брчки.

– Нивната кожа е потенка и има помалку меланин, па побрзо стареат – објаснува др. Џалиман.

Ментално здравје
Истражувањата покажаа дека ако вашата мајка или друг близок роднина страда од депресија, имате двојно или трикратно зголемен ризик да ја развиете истата состојба.

Плодност
Само затоа што мама го родила вашиот брат или сестра на 44 години, не значи дека и вие ќе можете да го сторите истото. Сепак, постојат научно засновани докази дека возраста на која мајката поминала низ менопауза е најчесто наследна и може да даде индиции и за вашата плодност. Истражувањата покажаа дека резервата на јајниците кај младите жени се намалувала побрзо доколку нивните мајки престанале да овулираат пред 45-тата година од животот во споредба со оние чии мајки влегле во менопауза на 55-годишна возраст.

Истражувањата покажаа и дека склоноста кон спонтани абортуси може да се определи генетски.

Зглобови
Ако вашата мајка имала проблеми со остеоартритис, односно дегенеративно заболување на зглобовите, има 40-70 проценти шанси да го наследите сами. Остеоартритисот на рацете често е поврзан со работата, но доколку го имате и во колената и колковите, голема е веројатноста дека е генетски детерминиран, пренесуваат медиумите.

Претходна објаваСо помош на МОЛИВ и ЧАША ВОДА дознајте дали вашата ТИРОИДНА жлезда работи правилно
Следна објаваЛушпата на ова овошје помага во отстранување на брадавиците и лечи псоријаза

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име