Дома Your Chef ПОГАЧИЦИ СО ЛУК! Неодоливо и вкусно

ПОГАЧИЦИ СО ЛУК! Неодоливо и вкусно

343
0

ПОГАЧИЦИ СО ЛУК! Неодоливо и вкусно

Ако сакате лук, тогаш ќе ви се допадне пецивото со овој зеленчук. Лукот ќе му даде посебен вкус

Компоненти:
500 гр брашно
една лажичка шеќер,
една кесичка сув квасец,
две лажички сол,
350 мл топла вода,
четири лажици маслиново масло,
100 гр путер ,
шест чешниња лук, сол, магдонос,
30 гр рендан пармезан

Топчиња со сирење



Подготовка:
Измешајте брашно, квасец, шеќер и сол додека постепено додавајте топла вода со две лажици маслиново масло. Чист сад премачкајте го со преостанатото маслиново масло, ставете го изматеното тесто, покријте го со крпа и оставете го да нарасне.

Кога ќе се удвои, тестото префрлете го на набрашнета површина и поделете го на два еднакви дела. Завиткајте ги двете во проѕирна фолија и почекајте уште петнаесет минути.

Од секој дел од тестото направете по осум топчиња, одвојте ги на ленти и врзете ги во јазол. Јазлите наредете ги на плех обложен со хартија за печење, поклопете и оставете ги да нараснат уште половина час. Се пече во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути.
Растопете го путерот, додадете издробен лук и кратко пропржете. Со ова премачкајте ги печените јазли, посолете и посипете пармезан и сечканиот магдонос.

Претходна објаваВнимавајте: Овие намирници негативно влијаат на крвната слика
Следна објаваЗбогум со несоницата: Овие три вида чај ќе ве релаксираат и ќе ви помогнат полесно да заспиете

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име