Дома Твој Готвач Пирошки со сирење (рецепт)

Пирошки со сирење (рецепт)

230
0

Наш предлог за појадок или вечера е пирошки со сирење.

Состојки:

400 гр брашно,

200 мл јогурт,

1 кесичка прашок за пециво,

1 јајце,

200 гр тврдо сирење,

сол

масло за пржење.

полнење по вкус

Подготовка:

Во длабок сад истурете брашно, прашок за пециво, малку сол и сè убаво измешајте.

Во вака подготвеното брашно додадете едно јајце и прелијте со јогурт. Потоа издробете го или изрендајте го сирењето. Тестото убаво замесете го со раце за убаво да се соединат сите состојки.

Ако тестото ви е премногу меко, слободно додадете уште 1-2 лажици брашно. Тестото ставете го на набрашнета површина и со сукало расукајте ја кората дебела околу еден сантиметар, а потоа со чаша исечете кругови. На средината ставете полнење по ваша желба и затворете ги пирошките со вилушка на рабовите во форма на полумесецинки.

Во меѓувреме ставете ја тавата на шпорет и загрејте го маслото на повисока температура. Количината на масло треба да биде доволна за да ги покрие пирошките до половина. Внимателно испуштете еден пирошки во загреаното масло и пржете убаво да поруменат од двете страни.

Претходна објаваШест нијанси на љубов: Како да знаете која ја чувствувате за некого?
Следна објаваМоќниот чај од чувар куќа помага при воспаленија, хемороиди и цисти, а се прави токму вака

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име