Дома Твој готвач Пилешка супа со пченка (без лактоза)…

Пилешка супа со пченка (без лактоза)…

629
0

Оваа вкусна пилешка супа со пченка е одлична за варењето и здравјето на цревата.

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:
35 МИН.

Состојки:

1 литар вода,
400 гр пилешки гради без коски и без кожа,
2 јајца,
2 лименки пченка,
2 компири,
¼ рендана зелка,
3 сецкани млади кромидчиња,
1 лажица рендан ѓумбир,
2 лажици соја сос
1 лажица свеж сецкан магдонос

Подготовка на пилешка супа со пченка:

  1. Ставете вода во тенџерето и кога ќе се зоврие додадете ги пилешките гради. Намалете ја топлината и варете околу 20 минути. Извадете го пилешкото и почекајте малку да се излади, па исечкајте го на ситни парчиња.
  2. Додека пилешкото се готви, исцедете една конзерва пченка и изблендирајте ја во блендер за да добиете пире.
  3. Вратете ја водата во која се вареше пилешкото на оган и додадете зелка и компири исечкани на ситни коцки.
  4. Откако ќе зоврие водата, додадете ја пченката, пирето од пченка, сецканото пилешко месо, ѓумбир, соја сос и млад кромид и зачини по вкус. Варете на тивок оган 15 минути.
  5. Во мал сад изматете ги јајцата и полека додадете ги во супат, мешајќи постојано за да направите јуфки од јајца.
  6. Гответе уште 3 минути, додадете го магдоносот и послужете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име