Иако турската кујна ни е многу блиска, ваков начин на подготовка на пилешко не сте виделе досега.
Секој пат кога ќе посакате нешто вкусно и егзотично, побарајте рецепт во турската кујна.
Брз оброк од тавче со состојки што ги имате при рака
Потребно:
1 пиле
3-4 чешниња лук
2 лажици мед
соја сос
лажица сенф
лажица доматно пире
сува пиперка
коријандер
сол и бибер
путер и маслиново масло
Подготовка:
Пилето убаво зачинете го со сол и бибер, па пресечете го по средината. Пржете го во тавче од едната и од другата страна додека не добие златна боја. Префрлете го во огноотпорен сад, па премачкајте го со комбинација од мед и зачини. Покријте со фолија и печете во рерна околу 45 минути.
Во тава пропржете го кромидот и ситно сечканата жолта пиперка. Додадете варени компири и зачини,магдонос. Послужете со печено пиле и уживајте!