Дома Твој Готвач Печени компири со сенф и рузмарин (рецепт)

Печени компири со сенф и рузмарин (рецепт)

1556
0

Печени компири кои често ќе ги подготвувате.

Состојки:

  • Компири
  • сол, бибер, лук
  • една лажица сенф
  • маслиново масло
  • Рузмарин

Подготовка:

Сами одредете ја количината на компири.

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Излупете ја кората, измијте ја и исушете ја со крпа.

Обложете плех или огноотпорен сад со хартија за печење.

Исечете ги компирите, веднаш ставете ги на плех, додадете сол и бибер и две чешниња лук.

Посипете го рузмаринот врз компирите.

Измешајте го сенфот и премачкајте го секој компир.

И на крај, прелијте сè со маслиново масло.

Вака подготвените компири ставете ги во загреана рерна и печете околу 50 минути.

На половина од печењето, малку измешајте ги компирите и вратете ги во рерна.

Готовиот компир послужете го веднаш, по можност како додаток на некое месо.

Добар апетит!

Претходна објаваЗошто сепак треба да се обидете да избегнете инфекција со омикрон? Еве објаснување од експерт
Следна објаваОвој превртен облакодер може да стане една од највисоките згради во Њујорк

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име