ПЕЧЕНА ПАЛЕНТА СО СИРЕЊЕ И СОС ОД ДОМАТИ
Палентата може да биде одлична основна состојка за подготовка на најразлични вистински гурмански јадења. Во него додадете свежо сирење и пармезан и ќе добиете енергетска бомба со богат и ароматичен вкус и интересен премин помеѓу крцкавата текстура на печената палента и мекото растопено сирење.
Состојки:
2 чаши палента
1 лажичка путер
6 чаши вода
1 црвен кромид
3 чешниња лук
2-3 чаши сос од домати
сол
бибер
2 чаши рендан кашкавал
маслиново масло
Подготовка:
Оставете ја водата да зоврие и додадете малку сол, путер и палента и варете додека не се згусне палентата.
Готовата палента истурете ја во намрсена тава и рамномерно распоредете ја да биде дебела најмалку еден сантиметар и оставете да се излади.
За тоа време, пржете го кромидот во маслиново масло додека не омекне и малку порумени и додадете го доматниот сос, па динстајте уште пет минути. Додадете бибер и малку сол.
Изладената палента исечкајте ја на коцки, наредете ги во тавче претходно намачкано со путер. и прелијте со половина сос од домати и посипете со половина сирење.
Повторно наредете ги коцките палента и посипете го остатокот од сосот од домати и кашкавалот и ставете го непокриено во рерна да се пече.
Печете 25-30 минути, додека да се стегне златната кора и да се растопи кашкавалот.