Дома Живот Пет раси на егзотични мачки што можеби не сте ги виделе порано…

Пет раси на егзотични мачки што можеби не сте ги виделе порано…

1031
0

Иако можеби сте голем љубител на мачки, има огромен број раси за кои можеби не сте ни чуле. Погледнете некои од нив подолу и дознајте за нивните карактеристики.

Египетски мау
Оваа раса на мачки е една од најстарите раси во светот. Тие се поврзани со мачки кои ги чувале фараоните и го населувале антички Египет. Овој вид е еден од најфините, но и најинтелигентни. Египетскиот мау е еден од првите избори на голем број сопственици кога бараат милениче.

Корнишки рекс
Оваа необична мачка со уште поневообичаено виткано крзно е многу весела, љубопитна и желна за внимание. Дури и луѓето кои имаат проблем со алергии на мачки можат да имаат ваков тип без никакви проблеми.


Јапонска бобтаил мачка
Како и египетската мачка мау, јапонската мачка бобтаил е една од најдолговечните. Тие ги има во далечната Јапонија стотици години. Тие се специфични по нивната многу кратка опашка, нивната пријателска наклоност, невообичаено гласно мјаукање и голема зависност од сопственикот.

Сомалиска мачка
Оваа мачка може да се натпреварува на натпревари за убавина. Оваа мачка, именувана по истоимената земја, е интересна по својата полу-долга коса, тие се многу одлучни и упорни, иако се исто така многу приврзани за нивните сопственици, тие не се од оние видови кои сакаат да ги галат . Иако тие ќе бидат среќни да поминат време со вас, повеќе би сакале да седат покрај вас отколку во скутот.

Смеѓа хаванска мачка

Ова е една од најневообичаените видови, невообичаено егзотична и целосно кафеава. Уште поневообичаен е фактот што и нејзините шепи и носот се целосно кафеави. Хаванската мачка е многу нежна и пријателски настроена кон луѓето.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име