Дома Health Пет кратки совети против стрес

Пет кратки совети против стрес

371
0

Пет кратки совети против стрес

Сите ние би сакале помалку обврски, подолг ден, помирен живот… И денес можете да му свртите грб на стресот – ако така одлучите.

Една од најголемите стапици на стресот е тоа што тој самиот се „храни“. Ве убедува дека немате време да најдете малку време… Еве како да ја започнете борбата против стресот, дури и кога „немате време“.

Најдете ја вашата изрека
Запомнете три до пет изреки кои ќе ве вратат во живот кога работите ќе тргнат наопаку. На пример: „Можам да го направам тоа“ или „Она што не ме уништи ќе ме направи посилен“. Или замислете убава слика која ќе ви послужи како прибежиште во моментите на стрес: поглед од најубавото место на плажата, патека во шумата по која сакате да одите или нешто друго што особено ви се допаѓа.

Бидете благодарни
Тешко е да бидете благодарни кога сте под стрес. Одвојте пет минути дневно за да се заблагодарите за сите животни подароци. Започнете со вдишување и издишување, изворот на сè што е животот.

Одете во вистинската насока
Направете листа на настани кои ве направиле среќни во текот на денот и оние кои ви ја одземале енергијата. На тој начин ќе можете полесно да видите по кој пат треба да продолжите.

Направете го тестот и дознајте – дали сте под стрес?

Започнете со мали работи
Не се стресувајте за големи промени, почнете со мали работи. Променете го, на пример, она што го јадете за појадок. И тоа може да биде почетниот чекор на патот што ќе ве доведе до животот по кој копнеете.

Редефинирајте ги вашите цели
Една кинеска поговорка вели: ако имате проблем што не можете да го решите, тогаш можеби тоа веќе не е ваш проблем. Ако долго време се стремите кон нешто, а животот функционира добро без тоа, запрашајте се дали ви е потребна оваа наводна грижа.

Претходна објаваКако да го заштитите мозокот од стареење
Следна објаваДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА СРЕДА 15 ФЕВРУАРИ! Рибите ја менуваат работата, Стрелецот вложува пари во бизнисот, а овој знак ќе има тајна врска

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име