Дома Твој готвач Петминутно брауни од микробранова печка – за мрзеливи…

Петминутно брауни од микробранова печка – за мрзеливи…

708
0

Ако планирате вечерва да уживате, овој рецепт ќе ви се најде …
Подготовката на брауни обично не е сложена и одзема многу време, но има уште полесен начин.
Состојките се доволни за една порција, а ве советуваме да сервирате со една голема топка сладолед од ванила, парчиња бело или темно чоколадо или солена карамела е исто така добра опција.
Од приборот, ќе ви треба филџан со волумен од најмалку 300 ml, или по можност 400 ml, жица за матење и микробранова печка. Во однос на времето, тоа е само пет минути. Супер…

Состојки:
3 лажици путер,
3 лажици кафеав шеќер,
3 лажици млеко,
½ лажичка екстракт од ванила,
30 гр брашно,
2 лажици какао во прав,
прстофат сол,
1 лажица сецкано чоколадо,
Подготовка:
Ставете го путерот во голем филџан и стопете го во микробранова печка. Премачкајте ја целата внатрешност на филџанот со путер и остатокот истурете го во мал сад.
Во овој сад додадете кафеав шеќер, млеко и екстракт од ванила и изматете со жица за матење. Потоа додадете просеано брашно измешано со какао и малку сол. Промешајте и додадете го исецканото чоколадо.
Истурете ја смесата во филџанот и ставете го во микробранова печка, со максимална моќност, од 60 до 75 секунди. Рабовите треба да се испечат, а центарот сè уште да биде малку мек.
Оставете да отстои една минута или две да се излади и уживајте!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име