Дома Care and beauty „ПЕГЛА“ И СПРЕЧУВА БРЧКИ, КОЖАТА Е КАКО НОВА: Маска со само 2...

„ПЕГЛА“ И СПРЕЧУВА БРЧКИ, КОЖАТА Е КАКО НОВА: Маска со само 2 состојки – оваа храна прави чуда за лицето

882
0

„ПЕГЛА“ И СПРЕЧУВА БРЧКИ, КОЖАТА Е КАКО НОВА: Маска со само 2 состојки – оваа храна прави чуда за лицето

Маската за лице од морков и мед длабински ги чисти порите.

Маската за лице, која лесно и брзо се прави со само две состојки, е одличен извор на антиоксиданси и позитивно влијае на епителизацијата и регенерацијата на кожата. Се што ви е потребно за да го направите е еден морков и две лажици мед.

Морковите треба добро да се измијат и исчистат, а потоа да се изблендираат. Во пасираниот морков додадете мед, па соединете ја смесата. Нанесете на чисто лице и оставете да делува 30-35 минути. Исплакнете со топла вода.

За да ги забележите ефектите на вашата кожа, треба да ја користите оваа маска три месеци, двапати неделно.

Ефикасна маска за затегнување на лице од ленено семе

Како морковот влијае на кожата?

Морковот е храна која се докажала во служба на убавината и е многу добра за кожата. Богат е со антиоксиданси и витамин А, како и бета-каротин, кој дава еластичност и цврстина на горните слоеви на епидермисот.

Антиоксидансите го забавуваат процесот на стареење и помагаат во одржување на влажноста на кожата, а има и магнезиум кој придонесува за процесот на обновување на клетките на кожата.

Морковот содржи и цинк, кој е ефикасен за лекување на акни – помага во заздравувањето на раните и акните, ја отстранува иритацијата и го забрзува закрепнувањето.

Оваа маска ќе го спречи стареењето на кожата и создавањето нови брчки, а значително ќе ги омекне и старите.

Претходна објаваОВИЕ 3 МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ СЕ НАЈЛОШИ ЗА ЗДРАВЈЕТО, А ГИ ЈАДЕМЕ СЕКОЈ ДЕН: Ја уништуваат цревната флора и незабележливо не дебелеат
Следна објаваКОГА ЌЕ ГИ СОБЛЕЧИТЕ ЧОРАПИТЕ ОСТАВУВААТ ТРАГИ НА НОЗЕТЕ: Еве што се случува со вашето здравје, ова воопшто не го игнорирајте

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име