Палачинки со мајонез во тестото
Овие палачинки може да се јадат со џем, јаткасти плодови, еурокрем или мед. Ако не сакате слатки, не додавајте шеќер во тестото. По ваш вкус можете да подготвите солен фил од сирење, печурки или месо, со кој ќе ги наполните палачинките и ќе уживате во прекрасниот вкус!
Состојки
0,5 л. топла вода
9 лажици брашно
2 лажици мајонез
2 јајца
2 лажици шеќер
15 гр ванилин шеќер
2 лажици масло
прстофат сол
Подготовка
Мајонезот, јајцата, шеќерот, солта и ванилиниот шеќер изматете ги со миксер или жица за матење.
Додадете топла вода и просеано брашно. Добро измешајте, да нема грутчиња и додадете масло. Оставете го тестото да одмори 20 минути.
Тавата намачкајте ја со масло, но само еднаш – на почетокот на печењето и ставете ја на средна температура.
Нанесете мала количина тесто рамномерно на тавата. На жешка тава пржете ги палачинките по 1-2 минути од секоја страна. Внимавајте да не ги изгорите.
Послужете топли палачинки со џем, мед, јаткасти плодови или еурокрем. Уживајте!