Дома Psychological advice Откриен важен факт: СТАРЕЕМЕ ПОБРЗО поради една работа, а тоа не се...

Откриен важен факт: СТАРЕЕМЕ ПОБРЗО поради една работа, а тоа не се ниту цигарите, ниту физичката неактивност

683
0

Откриен важен факт: СТАРЕЕМЕ ПОБРЗО поради една работа, а тоа не се ниту цигарите, ниту физичката неактивност
Буквално старееме побрзо поради една работа

Британски и кинески експерти открија важна причина што придонесува за побрзо стареење, многу повеќе од физичката неактивност и цигарите, а тоа е осаменоста.

„Дознавме дека психолошките фактори како осаменоста и чувството на незадоволство од животот додаваат до 1,65 години на биолошката возраст, што има ист ефект врз здравјето како и пушењето 15 цигари дневно“, се вели во студијата објавена во списанието „Ageing“. “.

Осаменоста не е само проблем со менталното здравје, покажува најновата студија спроведена од експерти од британскиот универзитет Стенфорд и кинескиот универзитет во Хонг Конг.

Токму поради оваа осаменост буквално старееме побрзо, констатираа експертите и додадоа дека не е чудно што од почетокот на пандемијата, бројот на луѓе кои се чувствуваат осамени е зголемен за 7,2 отсто кај возрасната популација.
Експертите процениле дека зимските месеци се периодот кога најголем број луѓе се чувствуваат осамено и несреќно.

Како што пренесува „Сан“, нивото на осаменост во Велика Британија полека се зголемува од пролетта 2020 година, а во периодот од април до мај, пет отсто од луѓето, што е околу 2,6 милиони возрасни, изјавиле дека „често“ се чувствуваат осамено или „секогаш“.

Како што додаваат, проблемот е што сега на ред е вториот бран потешкотии на полето на менталното здравје, што се влошува со чувството дека сме во перманентна криза.

Претходна објава8 ЗНАЦИ дека имате работа со емотивно незрел партнер!
Следна објаваВРТОГЛАВИЦА – симптоми, причини и прва помош

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име