Дома Живот Ослободете се од лошиот здив

Ослободете се од лошиот здив

600
0

Не мал број луѓе страдаат од лош здив и покрај тоа што редовно ја одржуваат оралната хигиена.

Доколку постојано посегнувате по гума за џвакање за да се справите со овој проблем, постои поздрава, повкусна и подобра алтернатива. Станува збор за вода збогатена со овошје, а овој напиток е и витаминска бомба.

Имено, портокалите, јагодите и кивито се одличен извор на витамин Ц, кој лесно ќе ги „убие“ бактериите во нашата уста, кои се причина за лош здив.

Состојки:

  • 1 или 2 големи портокали
  • 3 киви
  • 4 јагоди
  • половина лимон
  • 2 литри обична вода Подготовка: Овошјето измијте го, извадете ја кората и исечкајте го на ситни парчиња. Истурете ја водата во соодветен сад, а потоа во водата додајте го сечканото овошје и сокот од половина лимон. Ставете го во фрижидер и оставете го да отстои преку ноќ. Напитокот конзумирајте го со појадок, или во текот на денот кога ќе почувствувате потреба. Може да остане во фрижидер и до една недела.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име