Дома Your Chef Оригинална италијанска Фокача (рецепт)

Оригинална италијанска Фокача (рецепт)

519
0

Оригинална италијанска Фокача: Меко и крцкаво тесто во 3 вкуса и освојува на првиот залак (РЕЦЕПТ)

Доколку сте љубител на италијанската кујна, мора да го пробате ова. Италијанска фокача…

Познатата фокача е јадење кое потекнува од Италија, а со оглед на тоа што е многу вкусно, се проширило на сите страни на светот. Предноста во однос на другите печива е што се подготвува брзо, а она што многумина ги воодушевува е фактот што можете да го јадете со се и сешто.

Направете совршено тесто за пица, секогаш може да биде подобро

Состојки:

500 гр брашно
1 кесичка сув квасец
1/2 лажичка шеќер
300 мл млака вода
маслиново масло за премачкување

За премазот од домати:

2 зрели домати (или чаша доматна паста)
вино или јаболков оцет
1 китка свеж босилек
2 чешниња лук

За премазот со сирење:

100 гр разни сирења по избор
1 гранче рузмарин

За премачкување со маслинки

10 маслинки
маслиново масло по потреба (2,3 лажици)
малку лук

Три вкуса фокача

Подготовка:

Во садот за матење турете го брашното што претходно сте го измешале со половина лажичка сол. Потоа направете дупка во брашното и додадете квасец, шеќер и млака вода (предходно измешајте и почекајте малку да „нарасне квасецот“). Сè измешајте со вилушка, а потоа добро соединете со рацете и замесете меко тесто. Потоа ставете го тестото во сад, прелијте го со малку маслиново масло и оставете го да нарасне 15 до 20 минути. Вклучете ја рерната да се загрее на околу 220 степени, па подгответе ги премазите.
Исечкајте ги маслинките и измешајте ги со мајчината душица, па сè прелијте со малку маслиново масло и лук.

Излупените домати и босилек се сечкаат, се посолува и бибер, се додава малку маслиново масло и оцет, се сечка излупениот лук.

Кога тестото ќе нарасне, расукајте го со сукало за да добиете круг со големина на плехот во кој ќе ја печете фокачата. Премачкајте со преливот по избор, па оставете го уште малку да нарасне. Печете околу 20 минути на 220 степени.

Послужете додека е уште топла.

Претходна објаваСекој детал е важен: Четири златни правила за купување чевли
Следна објаваНајголемиот проблем во бракот: Тешко е да се открие, но може брзо да се реши

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име