Дома Life Омилениот зимски напиток на Јелена Ѓоковиќ ШТИТИ од настинка

Омилениот зимски напиток на Јелена Ѓоковиќ ШТИТИ од настинка

254
0

Омилениот зимски напиток на Јелена Ѓоковиќ ШТИТИ од настинка

Јелена Ѓоковиќ откри што сака да пие во студените денови за да го зајакне имунитетот.

Познато е дека Јелена Ѓоковиќ исклучително внимава на исхраната, и дека се труди се што консумира да биде природно и здраво. Овој пат таа со своите следбеници сподели кој од омилените зимски пијалоци и е чајот од куркума.

Придобивките од овој напиток се многубројни, а пред се е одличен за зајакнување на имунитетот и заштита од настинки.

Чајот од куркума е богат со витамини, минерали и други корисни соединенија, а пред се куркумин, кој е моќен антиоксиданс, како и со манган, железо и бакар, пишува веб-страницата artfultea.

Овој чај има и антиинфламаторни својства, може да го смири воспалението и да помогне во лекување и превенција на хронични воспалителни болести. Исто така ги смирува болките во грлото и има антибактериски, антимикробни и антивирусни својства.

Одличен е и за кожата, особено за акните, а добар е и за концентрација и ослободување од главоболка.

Дали вашиот ПРИТИСОК скока штом ќе залади надвор?

Сопругата на најдобриот српски тенисер и директор на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ во една прилика откри дека покрај чај често консумира и смути во секојдневниот живот.

Новак и Јелена, имено, денот го започнуваат со млака вода со малку сок од лимон, а првиот оброк најчесто им е смути. Во овие кашести сокови може да се додадат различни здрави намирници – лековити зачини како куркума или ѓумбир.

Претходна објаваДали вашиот ПРИТИСОК скока штом ќе залади надвор?
Следна објаваОВИЕ 3 МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ СЕ НАЈЛОШИ ЗА ЗДРАВЈЕТО, А ГИ ЈАДЕМЕ СЕКОЈ ДЕН: Ја уништуваат цревната флора и незабележливо не дебелеат

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име