Олеснете ја главоболката со масажа на вратот
Секој шести човек во светот добива главоболка барем еднаш во текот на денот, покажа минатогодишното истражување. Доколку сте меѓу оваа маса на луѓе, секако ќе ви биде корисно да дознаете повеќе за природните начини како да се ослободите од непријатните болки.
Брзо решение
Мнозинството луѓе ќе се одлучат за брзо решение, во форма на парацетамол, ибупрофен или некој друг аналгетик, но некои видови главоболки може да се решат на други начини.
Масирајте го вратот – Опуштањето на мускулите на вратот и грбот е особено корисно ако страдате од главоболки на напнатост. Исто така, притиснете го коренот на черепот со врвовите на прстите и можеби ќе ви бидат доволни само неколку минути од оваа масажа.
Зајакнете ги мускулите на вратот – Поминете најмалку една или две минути дневно во насочени вежби. Можете да ги правите и додека седите, на пример, со ставање на дланката на образот и увото, а потоа притискајќи ја со главата за да го почувствувате отпорот.
Притиснете десет секунди и потоа префрлете ја страната.
Пијте вода
Пијте повеќе вода – Дехидрацијата многу често може да предизвика главоболки. Обидете се да пиете најмалку осум големи чаши вода секој ден. Ако сте пропуштиле да го направите ова неколку часа, а потоа почувствувате главоболка, обидете се прво да испиете една или две чаши вода пред да се одлучите за аналгетик. Пијте полека, голтка по голтка, минута или две.
Малку спиете – Бројни студии ја истакнуваат здравствената важност од доволно спиење. Препораките се различни, па затоа се препорачува 6 до 11 часа сон за возраст од 18 до 80 години. Поблискиот просек би бил помеѓу 7 и 9 часа, а најважно е да се чувствувате целосно одморени.
Често се случува утринската главоболка да е вкоренета во стегање на вилицата што се јавува за време на спиењето. Проверете ја состојбата на вилиците кај вашиот стоматолог и евентуално побарајте штитник за уста што ќе ви помогне да се ослободите од овој проблем