Дома Care and beauty Од овие 4 работи стареете преку ноќ

Од овие 4 работи стареете преку ноќ

774
0

Од овие 4 работи стареете преку ноќ

Иако процесот на стареење е неизбежен, можеме слободно да кажеме дека повеќето од нас би сакале грациозно да стареат. Можеби мислите дека доволно сон (поради обновување на клетките на кожата), нанесување креми со заштитен фактор (за заштита на кожата од неповолното сончево зрачење) и употреба на средства за ноќна нега се сосема доволни.

Меѓутоа, што ако дознаете дека начинот на кој спиете или вечерниот режим за нега на кожата всушност го забрзуваат процесот на стареење? Еве за што се работи.

Лицето на перницата

Гравитацијата победува кога спиете на стомакот со лицето кон перницата. Непосредните ефекти – отекување на очите и темни кругови – се предизвикани од гравитацијата, која ја повлекува течноста од лицето надолу. Со текот на времето, овој начин на спиење поттикнува опуштање на кожата на лицето и губење на колаген.

Ако не сакате да стареете побрзо, не спијте со лицето на перницата. Најдобро е да спиете на грб за да го намалите ефектот на гравитацијата на вашето лице.

Не го миете лицето

Не е невообичаено жените да заборават да ја отстранат шминката пред спиење, но дефинитивно тоа е чекор што не сакате да го пропуштите. Миењето на лицето пред спиење е од суштинско значење за отстранување на нечистотиите, потта и шминката што се наталожиле во текот на денот.

Доколку го прескокнете овој чекор, имајте на ум дека влијае на затнувањето на порите, а потоа и на формирање на акни и мозолчиња. Користете нежен пилинг, за кожата на лицето да биде чиста и подготвена за регенерација во текот на ноќта.

Користете премногу производи за нега

Ако користите многу производи за нега на кожата и не сте сигурни за правилната употреба на секој производ, тоа може да биде штетно за вашата кожа. На пример: производите што содржат ретинол се користат за спречување и намалување на брчките, а кога се мешаат со производи што содржат бензоил пероксид (состојка што се користи за борба против акните), може да ја исуши и иритира кожата.

Кога кожата станува сува и иритирана, таа е црвена и изгледа како да е воспалена, а како резултат на тоа и најмалите брчки стануваат видливи. Наместо тоа, придржувајте се до производите што ви се познати и кои најдобро функционираат за вашиот тип кожа.

Не пиете доволно вода

Хидратацијата е многу важна, бидејќи водата е компонента на кожата и структурата под кожата. Кога сте дехидрирани, вашата кожа го губи природниот сјај. Од краткорочна перспектива, дехидрацијата доведува до сува кожа која добива збрчкан изглед и „се повлекува“ околу очите.

Со текот на времето, постојаната дехидрација може да предизвика кожата да ја изгуби еластичноста. Ако сакате вашата кожа да биде еластична и младешка, но и да не го забрза процесот на стареење, обидете се да пиете шест чаши вода дневно.

Претходна објаваКако копривата помага на здравјето: И како да направите сок и чај
Следна објаваОВА СЕ 3-те НАЈЉУБОМОРНИ ЗНАЦИ ВО ХОРОСКОПОТ

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име