Дома Здравје ОВОЈ ЧАЈ НАЈБРЗО ГИ ТОПИ МАСНОТИИТЕ Помага при варење и ја намалува...

ОВОЈ ЧАЈ НАЈБРЗО ГИ ТОПИ МАСНОТИИТЕ Помага при варење и ја намалува желбата за слатки

6719
0

Ги поттикнува ензимите од желудникот да ги претворат внесените хранливи материи во корисна енергија наместо масни наслаги.

Најчесто се препорачува пред спиење. Тоа не е толку лоша идеја бидејќи на вашето тело му давате убав пакет на хранливи материи и корисни минерали. Најдобар ефект ќе имаат токму во фазата кога вашето тело мирува, бидејќи тогаш совршено ќе ја завршат целата потребна работа.


Пиеме чај од нане за да се смириме, да се опуштиме, да лечиме синуси, настинки и грло. И за желудникот и за вас кај што сакате чаеви, но освен пријатниот вкус и мирис, неспорни се неговите здравствени придобивки. Но, дали знаевте дека е одличен асистент во топењето на салото на стомакот.

Овој пијалок не прави чуда во слабеењето, но може да биде идеален сојузник на патот кон него и тоа на здрав начин.

Чајот од нане за слабеење е стимуланс кој го чисти желудникот, но и поттикнува побрзо варење на храната во желудникот.. Не само тоа, нането всушност ги стимулира ензимите од желудникот да ги претвораат внесените хранливи материи во корисна енергија наместо масни наслаги.

Вклучете чај од нане во вашата исхрана. Дозирајте го до три пати на ден.

За најдобри резултати, консултирајте се со вашиот лекар, нутриционист и фитнес тренер. Имено, без секојдневна физичка активност, ниту еден пијалок или внимателно испланирано мени нема да го донесе посакуваниот резултат со килограми.

Истражувањето објавено во „Journal of Clinical Gastroenterology“ покажало дека учесниците кои консумирале нане можеле да го ублажат синдромот на нервозно дебело црево. На овој начин успешно го намалиле проблемот со надуеноста, а жените ги ублажиле и грчевите во мускулите кои биле предизвикани од менструацијата.

Исто така, чајот од нане има позитивен ефект врз менталниот капацитет. Не содржи кофеин, а истражувањето на Универзитетот Нортамбрија покажало дека овој пијалок го подобрува расположението и меморијата. Поради своите есенцијални масла, нането е погодно за луѓе кои имаат ограничена подвижност, па ако вашата работа е врзана за канцелариско биро, можете да го замените кафето со чај од пеперминт за време на паузите.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име