Дома Health Овие 4 пијалоци се убедливо најлоши за висок крвен притисок!

Овие 4 пијалоци се убедливо најлоши за висок крвен притисок!

382
0

Овие 4 пијалоци се убедливо најлоши за висок крвен притисок!

Високиот крвен притисок или хипертензија е познат и како „тивок убиец“ бидејќи на почетокот болните немаат никакви здравствени проблеми. Често се открива само кога се појавуваат видливи здравствени компликации.

Доколку имате висок крвен притисок, важно е да внимавате на исхраната, но и на пијалоците што ги консумирате. Во продолжение ви откриваме кои пијалоци треба да ги избегнувате доколку имате висок крвен притисо.

Кафе
Прво на листата е кафето, бидејќи тоа е пијалок што многу луѓе го пијат секој ден. Сепак, премногу кафе може да има негативно влијание врз здравјето и хипертензијата. Општо земено, пијалоците со кофеин, вклучувајќи чај, кафе и енергетски пијалоци, можат да го зголемат крвниот притисок.

Високиот крвен притисок доведува до нарушувања на целиот организам

Алкохол
Луѓето со висок крвен притисок исто така треба да избегнуваат алкохол. Клиниката Мајо наведува дека повеќе од три алкохолни пијалоци дневно може да го подигнат крвниот притисок. Според истражувањата, консумирањето на седум или 13 алкохолни пијалоци неделно е поврзано со зголемен крвен притисок.

Енергетски пијалоци
Енергетските пијалоци воопшто можат лошо да влијаат на здравјето, но и да ги зголемат шансите за развој на хипертензија. Еден од виновниците за ова е кофеинот кој се наоѓа во нив.

Засладени, газирани пијалоци
Според нутриционистите, засладените пијалоци се полни со додаден шеќер и можат негативно да влијаат на крвниот притисок. Затоа, доколку страдате од висок крвен притисок, избегнувајте конзумирање на сите видови газирани и ледени пијалоци.

Претходна објаваШто е афазија, болеста на Брус Вилис?
Следна објаваЧоколаден куглоф со портокал

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име