Иако целулитот е сосема нормална појава кај жените, на некои од нив особено им пречи и на секој начин се трудат да се ослободат од него. За да ја намалите нејзината појава, постои листа на намирници кои сепак треба да ги избегнувате.
Бел леб
Тоа е извор на натриум. Според Центрите за контрола и превенција на болести, белиот леб е меѓу првите 10 извори на натриум во американската исхрана. Ако јадете бел леб, целиот тој натриум или рафинирани јаглехидрати го поттикнуваат формирањето на целулит. Ако обожавате да јадете леб и не можете да замислите ниту еден оброк без него, најдобра опција е лебот од цело зрно.
Полномасна млечна храна
Истражувањата покажаа дека само еден оброк богат со масти го оштетил васкуларниот систем. Прекумерното консумирање сладолед и други слични производи ќе создаде дополнителен притисок во крвните садови, што доведува до поизразена појава на целулит.
Крофни и колачи
Тие се совршен рецепт за целулит. Секако, од повременото консумирање крофни од јаболка нема веднаш да добиете целулит на нозете и стомакот, но доколку овие деликатеси ви станат навика, ќе забележите непожелни последици.
Пица
Не само што е богата со калории и заситени масти, туку и со натриум. Негативно делуваат и сирењето моцарела, сосот и сувомесните производи. Исто така, натриумот промовира задржување на течности во телото. Кога течноста се акумулира во крвните садови, тоа ги прави масните клетки од целулитот позабележителни. Во тие ситуации, најдобро е да направите пица користејќи храна со малку натриум.