Ова се знаците на СРЦЕВ УДАР кои не треба да ги игнорирате
Познавањето на предупредувачките знаци на срцев удар може да направи разлика помеѓу животот и смртта. Срцевите удари се тивки убијци чии жртви може да биде секој.
Недостатокот на вежбање, лошата исхрана и нездравиот начин на живот го зголемуваат ризикот од срцев удар. Постојат предупредувачки знаци кои секој треба да ги препознае.
Чувство на тежина во градите, неподнослива болка во горниот дел на желудникот, болка во левата рака, вилицата и вратот, како и отежнато дишење, се знаци за срцев удар.
Тогаш е неопходно што поскоро да се стигне до болница, за да можат лекарите да направат ЕКГ и да ја пружат потребната помош. Многу е погрешно да се игнорираат споменатите симптоми.
Други знаци вклучуваат чувство на мачнина, ладна пот и несвестица. Покрај тоа, можно е чувство на интензивен притисок врз градите.
Кај мажите, најчест знак за срцев удар е болката во градите, додека жените имаат потешкотии со дишењето, мачнина, болки во грбот и вилицата.
Во случај на вакви симптоми, неопходно е што поскоро да се побара помош од лекар.