Дома Здравје Ова се двата најчести симптоми пријавени од пациенти инфицирани со омикрон

Ова се двата најчести симптоми пријавени од пациенти инфицирани со омикрон

2324
0


Според претходните податоци, омикрон предизвикува поблага клиничка слика, а симптомите пријавени од пациентите заразени со оваа варијанта се слични на оние на грипот.

Експертите истакнуваат дека омикронот е многу заразен, а прелиминарните студии покажуваат дека предизвикува претежно поблаг облик на болеста. Симптомите кои укажуваат на тоа дека лицето е заразено со омикрон се треска, болки во грлото и чувство на гребење во грлото, силни болки во телото, ноќно потење, повраќање и губење на апетит.

Др. Angelique Coetzee наведува дека пациентите инфицирани со омикрон не чувствуваат симптоми како што се губење на вкусот и мирисот, затнат нос и многу висока телесна температура.

Познавањето на симптомите може да помогне да се утврди дали некое лице е заразено со делта или омикронската варијанта. Неодамнешните наоди открија кои се двата најчести симптоми пријавени од пациенти инфицирани со омикрон.

Според најновиот извештај, течење на носот и главоболката се двата главни симптоми на омикрон кои пациентите најмногу ги пријавуваат, пишува Times of India . Ајрин Петерсон, професорка по епидемиологија на Универзитетот во Лондон, истакнува дека овие два симптоми може да бидат знак за друга инфекција, но треба да се има предвид дека тие можат да укажуваат и на инфекција со омикрон.

Досега се пријавени околу 20 омикрони симптоми, а најчесто се забележани течење на носот и главоболки. Студијата откри и некои други симптоми кои се почести кај луѓето инфицирани со омикрон. Тоа се замор, кивање и болки во грлото.

На луѓето кои сами ги забележуваат овие симптоми им се препорачува да не ги игнорираат и да бидат тестирани и изолирани додека не добијат резултат од тестот.

Извор: Times of India

Претходна објава7 генијални трикови како да го искористите стариот леб…
Следна објаваТенки, крцкави шведски бисквити со ѓумбир и цимет

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име