ОВА е официјално НАЈОПАСНОТО МЕСТО за правење селфи! (ФОТО)
Светот остана во шок во 2014 година кога брачна двојка, пред очите на своите деца, падна во Атлантикот.
Најзападната точка на Европа се наоѓа во Португалија. Тоа е Кабо ди Рока, место кое официјално е прогласено за најопасно место за правење селфи.
Почина брачна двојка од Полска
Далечната глетка на Атлантскиот океан ги мами туристите да ја направат најдобрата можна фотографија од опасната карпа висока 142 метри, а најопасна е за оние кои сакаат да се фотографираат себеси, односно да направат таканаречено селфи.
Во 2014 година светот беше шокиран од веста дека брачна двојка од Полска, во обид да го добие најдобриот агол за селфи, паднала во Атлантикот пред своите деца.
По немилиот настан, надлежните поставија ограда на оваа атракција, но и еден куп предупредувања, но проблемот е што туристите не обрнуваат многу внимание и го гледаат како непотребна пречка.
Прескокнуваат, ползат под и прават се за да се доближат што е можно поблиску до прекрасната провалија која ги искушува да ја направат најубавата фотографија.
