Дома Твој готвач Ова е најздравата вечера во светот (рецепт)…

Ова е најздравата вечера во светот (рецепт)…

870
0

Вкусна, брза за приготвување и нискокалорична! Тестенини со пилешко и зеленчук. Ако барате нешто вкусно и нискокалорично за вечера, ова е одличен предлог.

Тестенините со пилешко и зеленчук се богати со витамини, минерали и протеини, па затоа се одлични за оние кои се грижат за линијата. Совет е да користите интегрални тестенини наместо обични тестенини.

Друг плус е што оваа вечера е подготвена за само 20 минути.

Потребни состојки:

500 гр пилешки гради,

500 гр тестенини,

1 тиквичка,

половина страк праз,

1 кромид,

2-3 моркови,

200 гр печурки,

Зачини: Пипер, Лажица масло, Соја сос.

Подготовка: Сварете ги тестенините, зеленчукот и белото месо пржете ги со масло. Посолете и додадете малку бибер по желба. Кога зеленчукот и месото се подготвени, измешајте сè со тестенините. Бидејќи ова е „лесна“ верзија на вечера, сосот во овој случај нека биде соја сос, кој ќе го прелиете на тестенините за подобар вкус.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име