Дома Твој Готвач Ова е интересно и наједноставно уживање кое можете да го подготвите за...

Ова е интересно и наједноставно уживање кое можете да го подготвите за празниците

465
0

Празниците се идеално време за изразување на вашата креативност.

Најдовме рецепт за крцкави елки од лиснато тесто. Брзо и лесно се прават, а убаво изгледаат, на пример, на масата за појадок. Потребни ви се само 4 состојки и ветуваме дека ќе ги сака целото семејство.

Состојки:

2 кори лиснато тесто

4-5 лажици Нутела

1 жолчка од јајце

1 лажица растително млеко

Шеќер во прав

Начин на подготовка:

Расукајте го лиснатото тесто. Исечете тенка лента со иста големина од пократката страна на двата слоја. Еден слој лиснато тесто премачкајте го рамномерно со Нутела, а потоа ставете уште еден слој лиснато тесто врз него. Добиениот сендвич од лиснато тесто виткајте го уште малку со сукало.

На долгата страна исечете ленти широки околу 2 см. Секоја лента обликувајте ја во новогодишна елка како што е прикажано на видеото и провијте ја на дрвен стап. Исечете мали ѕвездички од преостанатите две ленти лиснато тесто.

На садот за печење ставете елки и ѕвездички. Изматете ја жолчката со растително млеко и премачкајте ја врз лиснатото тесто. По желба, лиснатото тесто пред печење посипете го со шеќер од трска.

Се пече во загреана рерна на 180 Целзиусови степени 20 минути.

Совет: Ѕвездите ќе поруменат порано, извадете ги од рерна по околу 10 минути. По печењето, на елките ставете ги ѕвездите, посипете со шеќер во прав и послужете.

https://www.youtube.com/shorts/PyQ0DC6T3KU

Претходна објаваПовраќање, причини и што треба да правите!
Следна објаваВи пренесуваме три рецепти за вкусни јадења со тиква

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име