Дома Живот Ова е голема штета, поради короната, во ЕУ не се направени 100...

Ова е голема штета, поради короната, во ЕУ не се направени 100 милиони други тестови

715
0

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека 100 милиони тестови за рак (скрининг или скенери) не се спроведени низ целиот континент поради влијанието на пандемијата на Ковид-19 врз здравствените услуги, односно доцнењето во дијагностицирањето и упатувањето на лекување.

– Тоа значи дека во моментов во Европа може да има околу милион недијагностицирани случаи, утврди првиот човек на Европската комисија, пренесува Јутарњи.хр.

Фон дер Лајен најави дека ЕУ ќе отвори регистар на нееднаквости со цел да се справи со различните стапки на смртност од рак низ целиот блок, како дел од акцијата за намалување на растечката стапка на инциденца.

„Ова ќе ги идентификува трендовите, разликите и нееднаквостите меѓу земјите-членки и регионите за да можеме подобро да ја насочиме нашата поддршка“, рече фон дер Лајен, додека официјалните лица предвидуваат дека смртните случаи од рак може да се зголемат за една третина до 2040 година.

Една од водечките причини за смрт
Светската здравствена организација (СЗО) го идентификуваше ракот како една од водечките причини за смртност и морбидитет во европскиот регион, со повеќе од 20 проценти од сите смртни случаи. Во 2020 година, 2,7 милиони луѓе во ЕУ заболеле од рак, додека 1,3 милиони починале од оваа болест.

Говорејќи во пресрет на Светскиот ден на ракот, регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, рече дека тестовите за пребарување, дијагноза и третман на ракот „претрпеле невидена штета бидејќи здравствените служби се мачеле да одговорат на Ковид-19“.

Повикувајќи се на официјалните податоци од европскиот регион од последните две години, Клуге истакна дека дијагнозата на инвазивни тумори паднала за 44 отсто во Белгија, колоректалните прегледи паднале за 46 отсто во Италија и дијагнозите за рак за 34 отсто пониско од очекуваното во Шпанија.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име