Дома Здравје Ова е главната причина зошто не ја постигнувате идеалната тежина

Ова е главната причина зошто не ја постигнувате идеалната тежина

591
0

Сте пробале сè, но килограмите сè уште се таму? Еден од најважните фактори кои влијаат на постигнувањето идеална тежина е речиси секогаш занемарен во диетите, плановите за оброци и слични „брзи поправки“.

Броење калории, ограничување на внесот на храна, постојано мерење – сето тоа е дел од секојдневниот живот на луѓето кои сакаат да го победат вишокот килограми.

Меѓутоа, освен исхраната и активноста, постои уште еден важен фактор кој може да застане на патот помеѓу вас и витката линија, а тоа е стресот.

Важно е да се разбере дека стресот сам по себе не е ниту добар ниту лош – стресот е само природна реакција на одредени услови.

Стресот предизвикува промени во целото тело и со тоа, секако, влијае на здравјето на целиот организам. Предизвикува реакции на нервниот систем, хормонални промени, болести на тироидната жлезда и промени во тежината.

Може да биде одговорен и за проблеми во репродуктивниот систем. Истражувањата покажуваат дека хроничниот стрес придонесува за гореспоменатите здравствени предизвици и, дополнително, придонесува за зголемување на телесната тежина во пределот на стомакот.

Покрај тоа, стресот е поврзан со бавно варење, па дури и со болести на дигестивниот систем, како што се функционални гастроинтестинални нарушувања, воспалителна болест на цревата итн. Вашата способност да управувате со стресот е важна – и за вашето здравје и за вашата идеална тежина.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име